More

    Забрането пушење насекаде, дури и на плажите..

    spot_img

    Мексико донесе еден од најстрогите закони за контрола на тутунот во светот, со кој се забранува пушење на сите јавни места, пренесува Metropoliten.si.

    Мерката, која беше одобрена за прв пат во 2021 година, вклучува и забрана за рекламирање на тутунски производи.

    Неколку земји од Латинска Америка веќе имаат легитимизирано создавање на различни јавни простори без пушење, а мексиканското законодавство во оваа област се смета за најстрого и најсеопфатно.

    Значи, пушењето не е дозволено никаде во Мексико, ни во парк, ни на плажа, хотел, канцеларија, бар…

    Закон од 2008 година воведе посебни области за пушачи и непушачи во баровите, рестораните и работните места во Мексико, а сега забраната за пушење се проширува на сите јавни места.

    Ова вклучува паркови, плажи, хотели, канцеларии и ресторани. Употребата на испарувачи и електронски цигари е исто така ограничена, особено во затворени простории.Панамериканската здравствена организација ја поздрави оваа одлука и и честиташе на мексиканската влада за оваа мерка. Таа истакна дека пушењето е одговорно за речиси милион смртни случаи во двете Америки, директно и индиректно од изложеност на чад од тутун.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img