More

    Житни култури ќе се садат во Штип, Велес, Кочани и во Куманово

    spot_img

    Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска во Штип додели 100 договори на земјоделски стопанства кои аплицираа на последниот јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште над три хектари за житни култури од регионите Штип, Велес, Кочани и Куманово.

    Министерството овој оглас го распиша наменски, како дел од Планот за производство на храна, со цел обезбедување нови површини за житни култури и за обезбедување поголем принос.

    На располагање со јавниот оглас беа ставени 5.722 хекатри земјоделско земјиште над три хектари распоредено во 14 региони низ државата.

    – Поставената цел е исполнета преку рекордниот интерес кај земјоделците за овој јавен оглас, со склучени 258 договори за закуп на земјоделско земјиште. Од вас барам, и на тоа како Министерство ќе инситираме цело време, произведените житни култури најпрво да ги дадате во домашни преработувачки капацитети. Така е чесно и одговорно кон сите граѓани, бидејќи мерките што ги преземаме за земјоделците се од парите на сите граѓани. Со ребалансот на буџетот проектиравме 3,2 милијарда денари директна поддршка за повеќе од 45.000 земјоделци, средства со кои ги расчистуваме сите заостанати обврски кон земјоделците и почнуваме авансна исплата на субвенциите во рок од 90 дена по аплицирањето – рече Николовски.

    Според него, МЗШВ навремено реагираше и во консултација со земјоделците го подготви и донесе Национален план за производство на храна, а Интервентниот фонд кој во себе содржи многу мерки за поддршка на секој земјоделец.

    -Даваме поддршка во набавка на вешачко ѓубриво, помагајќи до 40 отсто од трошоците на земјоделците, а парите за оваа поддршка земјоделците ги добиваат брзо во рок од седум дена по аплицирањето. До сега исплатени се вкупно 86 милиони денари за 5.475 земјоделци кои аплицирале за поддршка при набавка на вештачко губриво. Со Националниот план обезбедивме и дополнителна мотивирачка мерка од 100 евра по хектар за зголемен принос на површини засеани со житни култури. Важи без ограничување од 1 хектар па нагоре за површини под житни култури – истакна министерот.

    МЗШВ изминативе месеци преку седум распишани јавни огласи стави на располагање 13 758 хектари државно земјоделско земјиште за житни култури, за подигнување долгогодишни насади и за производство на сточна храна. Распоредени низ целтата територија на државата со површини до и над три хекатри земјоделско земјиште.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img