More

    Жителите на Киев се кријат во метро станиците

    spot_img

    Станици на метрото станаа импровизирани засолништа во главниот град на Украина, Киев. Очевидци за Си-Ен-Ен тврдат дека станиците се полни со луѓе, организирани во групи, кои носат со себе залихи.

    – Додека ги слушаме звуците од воздушниот напад, можете да замислите колку испаничени се луѓето во градот, станувајќи од своите кревети потресени од експлозиите, што ги има насекаде околу нас – изјави за Си-Ен-Ен, Метју Ченс во Киев.

    Се додава дека „целиот сообраќај се движи во една насока… луѓето возат најбрзо што можат, со цел да стигнат на запад кон побезбедните подрачја“, можеби „кон Полска, оддалечена оттаму околу три до пет часа со автомобил“.

    Жителите на Лавов, западна Украина, беа советувани од локалните власти изутринава, да не паничат. Властите во градот им укажаа на граѓаните да ги исклучат светлата и да најдат засолниште, информираше локална телевизија. Тие, исто така, би требало да ги земат со себе поважните документи.

    Си-Ен-Ен јави за активирани сирени во градот и дека граѓани како стојат во ред пред банките, со цел да извадат пари.

    Претходно, некои дипломати се преселија во Лавов, град што се наоѓа на околу 70 километри од границата со Полска. На ваков чекор се одлучија, додека растеше стравот од рускиот напад на Украина да го вклучи и Киев.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img