More

    Жена од Небраска обвинета за помагање на ќерката да абортира

    spot_img

    Обвинителството во американската сојузна држава Небраска покрена кривично гонење на 41-годишна жена која во април и помогнала на својата 17-годишна ќерка со вештачко прекинување на бременоста во 24-та недела од бременоста. Го гонат и човекот кој им помогнал да го закопаат абортираниот фетус.

    Џесика Бурџис и дала на својата ќерка апчиња за абортус и објаснила како да ги користи. Детективите од Обвинителството на округот Медисон ги добиле овие информации врз основа на налог за пристап до нивните комуникации на Фејсбук.

    Најпрво биле испитани за „напуштање, вадење или прикривање на тело“, бидејќи имале информации дека нивната ќерка има спонтан абортус, а таа наводно тајно го закопала плодот. Тие сега се гонат за абортус и потпомогнат абортус, што е нелегално во Небраска по 20-та недела од бременоста.

    Групата за застапување на жените „Национални застапници за бремени жени“ објави дека од 2006 до 2020 година, 1.331 жена биле уапсени во САД во врска со абортусот. Застапниците на правата на жените веруваат дека сега ќе има уште такви, откако американскиот Врховен суд во јуни го укина правото на абортус и остави на државите да одлучуваат.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img