More

    Железничка несреќа се случи во Чешка во која едно лице загина, а петмина се повредени

    spot_img

    Железничка несреќа се случи во Чешка во која едно лице загина, а петмина се повредени.

    Според Euro news, несреќата се случила рано утринава во Бохумин, набргу откако брзиот воз тргнал кон Прага.
    Брзиот воз директно се судрил со локомотива за која сѐ уште не се знае дали се движела или стоела во моментот на несреќата. На лице место загина машиновозачот.

    Повредени се четворица вработени во чешката железница кои биле во локомотивата, како и уште еден работник од возот. Спасувачите соопштија дека никој од патниците не е повреден во несреќата.

    Чешката служба за инспекција за безбедност на железницата соопштила дека брзиот воз бил на погрешна пруга во моментот на несреќата и дека несреќата можела да биде предизвикана од човечка грешка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img