More

    ЕУ загрижена поради зголемениот обем на трговија меѓу Анкара и Москва

    spot_img

    Земјите од Европската Унија се сè позагрижени поради зголемениот обем на трговија на Турција со Русија и можноста таа да послужи како замена за увозот и извозот на Москва со други европски земји, пишува Фајненшл тајмс, повикувајќи се двајца претставници на ЕУ.

    Дел од државите-членки побарале информации од Анкара за нејзините односи со Кремљ.

    – Го следиме ова. Ова не е добро и не е добро прифатено од ЕУ – изјавил еден од изворите. –.

    Портпаролот на турското Министерство за трговија, пак, истакна дека „нема забележителна промена“ во трговијата со Русија. Запрашан за дополнителни детали, тој не одговори на телефонските повици, објави Фајненшл тајмс.

    Други западни претставници, исто така, изразија загриженост дека Анкара може да го смета повлекувањето на западните компании од Русија како можност турските бизниси да го заземат нивното место.

    – Во време кога Европската Унија ги намалува своите врски со Русија како одговор на нејзината агресија против Украина, не е многу соодветно да се зајакнат врските или ангажманите со Москва, рече Петер Стано, портпарол на шефот за надворешна политика и безбедност на ЕУ Жозеп Борел.

    Според податоците на Турскиот институт за статистика и Министерството за трговија на Турција, вредноста на извозот на земјата во Русија во последните три месеци се зголемила за 46 отсто во однос на истиот период лани. Од мај до јули турскиот извоз во Русија бил во вредност од 2,04 милијарди долари, што е за 642 милиони долари повеќе од истиот квартал лани. Само минатиот месец вредноста на извозот на Турција во Русија порасна за 75 отсто на годишно ниво, од 417 милиони долари во јули 2021 година на 730 милиони долари во јули оваа година.

    Зголемувањето од 313 милиони долари е најголемо во однос на сите земји со кои тргува Турција. Рускиот удел во вкупниот извоз на Турција во јули беше 3,9 отсто, во споредба со 2,6 отсто 12 месеци претходно, забележува весникот, цитирајќи ја официјалната статистика на земјата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img