More

    ЕСМ ги повика компаниите, институциите и сите на кои им е потребна струја да учествуваат на јавните повици на кои ги продава ноќните вишоци на струја

    spot_img

    ЕСМ денеска ги повика компаниите, институциите и сите на кои им е потребна струја да учествуваат на јавните повици на кои ги продава ноќните вишоци на струја. Посебен повик, како што соопшти компанијата упати до Стопанската комора, која ,акко што се вели во соопштението, треба да ги анимира фирмите да купуваат струја.

    Од компанијата информираа дека на отворена јавна аукција, за периодот од 7 до 11 септември, се продадни 1800 MWh ноќни вишоци електрична енергија од 01 до 07 часот по цена од 402 евра за мегаватчас, и 400 MWh од 02-06 часот по цена од 362 евра за мегаватчас.

    „Најдобра понуда на аукцијата даде ДУФЕРКО МК. Од оваа продажба, АД ЕСМ оствари приход од 868 400 евра ( 53 580 000 денари)“, се наведува во соопштението од ЕСМ.

    Оттаму посочуваат дека ќе продолжат и натаму да ја нудат на продажба ноќната енергија која останува како вишок во производниот процес во ноќните часови, и тоа преку отворена, транспарентна и конкурентна постапка.

    -Ги повикуваме да се пријават не само трговците, туку и сите субјекти-стопански субјекти или институции, на кои им е потребна оваа енергија во тој временски период – велат од ЕСМ.

    Посебно извесување, според соопштението, е направено за Стопанската комора за да ги анимира своите членки од бизнис секторот, доколку имаат потреба да ја преземат оваа енергија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img