More

    Ериксен со гол во пријателскиот натпревар против Холандија во Амстердам имаше незаборавно враќање во националниот тим

    spot_img

    Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен со гол во пријателскиот натпревар против Холандија (2-4) вчеравечер во Амстердам имаше незаборавно враќање во националниот тим, девет месеци откако колабираше на теренот на ЕУРО2020.

    Ериксен се запиша во листата на стрелци во 48 минута, само две минути по влегувањето во игра од клупата за резерви на дуелот во Амстердам, точно 288 денови откако доживеа речиси смртоносен срцев удар.

    Данецот колабираше за време на натпреварот против Финска на ЕУРО2020 на стадионот „Паркен“ во Копенхаген и потоа мораше да му биде вграден апарат за регулирање на работата на срцето.

    Ериксен (30), кој ја продолжи клупската кариера на 26 февруари во дресот на англискиот прволигаш Брентфорд, го запиша на дуелот против Холандија својот 110. настап за Данска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img