More

    Ериксен и по инфаркт на високо ниво го посакуваат повеќе клубови

    spot_img

    Тренерот на англискиот премиерлигаш Брентфорд Томас Франк изјави дека имаат добри шанси да го задржат данскиот играч за врска Кристијан Ериксен (30) и дека клубот ќе направи се за да го задржи во своите редови и по оваа сезона.

    На минатогодишниот натпревар на ЕП против Финска, Ериксен доживеа инфаркт на теренот и со брза реакција му го спаси животот, а подоцна му ставија и срцев дефибрилатор. Бидејќи во Италија не смеел да игра со дефибрилаторот, го раскинал договорот со Интер, а во јануари потпишал договор со Брентфорд до крајот на сезоната.

    Откако се врати на фудбалските терени, тој постигна еден гол и две асистенции. Британските медиуми објавија дека тој би можел да се врати во Тотенхем, а за него се заинтересирани Њукасл и Манчестер Јунајтед.

    „Отсекогаш верував дека имаме добри шанси да го задржиме. Знам дека е среќен овде и ужива во фудбалот. Тој постојано игра на високо ниво и не е тајна дека сакаме да направиме се што е можно за да го задржиме “, изјави тренерот на Брентфорд.

    Тој ги пофали навивачите на Манчестер Јунајтед кои го поздравија со овации кога тој изведе два корни на „Олд Трафорд“ во понеделникот, во натпревар кој го загубија со 0-3.

    „Тоа беше убав потег и покажува што може да направи фудбалот кога размислуваме за големи работи“, додаде Томас Франк.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img