More

    Ердоган со лидерите на Финска и Шведска на самитот на НАТО, нови преговори за членство

    spot_img

    Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во вторник во Мадрид се среќава со финскиот претседател и шведскиот премиер на разговори за кандидатурата на двете земји за членство во НАТО, која Анкара во моментов ја блокира.

    Првата средба на високо ниво со финскиот претседател Саули Ниинисто и шведската премиерка Магдалена Андерсон ќе се одржи на почетокот на самитот на НАТО, во присуство на генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг, објави финското претседателство на Твитер.

    Нови „преговори“ за деблокирање на турското вето се закажани и за понеделник во седиштето на НАТО во Брисел, соопшти официјален Хелсинки.

    И шведскиот премиер Андерсон денеска пристигнува во Брисел на средба со Столтенберг пред самитот. Таа телефонски разговарала со Ердоган во саботата, но, како што тврди Анкара, во таа прилика нема поместување на ставовите на двете страни.

    Турција најави блокада на пристапот на Финска и Шведска во НАТО во средината на мај, а ова прашање во голема мера ќе ги окупира учесниците на самитот во Мадрид, кој ќе трае од вторник навечер до четврток.

    Анкара ја обвинува Шведска дека обезбедува засолниште за членовите на Курдистанската работничка партија (ПКК), која Турција ја смета за терористи, и поддржувачите на Фетулах Ѓулен, кој е осомничен за организирање на пучот во јули 2016 година.

    Анкара, исто така, бара Финска и Шведска да ја укинат забраната за продажба на оружје на Турција, која двете земји ја воведоа поради турската интервенција во Сирија во октомври 2019 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img