More

    Епидемија со стрептокока ја зафати Хрватска

    spot_img

    Опасна инфекција предизвикана од бактеријата стрептокока се шири низ Хрватска, а како што јавуваат тамошните медиуми, позната е под називот: бактеријомстрептокока.

    Од септември минатата година до средината на јануари годинава, во Хрватска се регистрирани 3.502 пациенти заболени од стрептокока ангина, а 4 лица починале како резултат на оваа болест, пренесува хрватски Јутарњи лист.

    За тоа кои се симптомите на оваа инфекција и дали може да се шири болеста и низ другите земји од регионот, говори инфектологот д-р Дарко Нозиќ.

    – Стрептокока има насекаде, а инфекција најчесто имаат децата кај кои најчесто се воспалуваат краниците и грлото. Тоа е многу распространета болест, но проблемот е во инбазивните облици. За сета среќа, тие облици се ретки – изјавил д-р Нозиќ, додавајќи дека постојат повеќе инвазивни видови на стрептокока.

    Додека еден вид тргнува од грлото каде што се јавуваат различни симптоми, бели гнојни чепови, силни болки и црвенило, друг вид може да се одрази на кожата, објаснува инфектологот.

    – Стрептококата на кожата може да предизвика сепса која понатаму може да зафати било кој друг организам. Но, постојат и супервидови кои создаваат токсини. Тоа е група на стрептокока која испушта отров во крвта. Меѓутоа, тоа се многу ретки случаи – објаснил д-р Нозиќ и напоменил дека старите луѓе, за разлика од децата, поретко добиваат стрептокока ангина, бидејќи низ годините создале имунитет.

    Д-р Дарко Нозиќ, инфектолог

    Меѓутоа, додава тој, кај повозрасните лица се почести инфекциите на кожата.

    – Кај децата многу почесто се јавува пневмонија, односно воспаление на белите дробови, а температурата изнесува од 39 до 40 степени. Се прашувате како да разликувате обична бактериска инфекција од стрептокока? Ако ве боли грлото, тоа е карактеристика на стрептококна ангина, исто како што е високата температура, општата слабост и малаксаност, но без течење на носот. Многу е важно навреме да се реагира и да се препознае инфекцијата. Таков е периодот, се шири инфекцијата, но нема место за паника – изјавил инфектологот.

    Фото: Pixabay

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img