More

    Енрике Иглесијас се откажува од наследството на богатството на својот татко

    spot_img

    Пејачот Енрике Иглесијас (47) се откажува од наследството на богатството на својот татко, пишуваат шпанските медиуми. Глобално популарниот Енрике е син и на успешниот шпански пејач Хулио Иглесијас (79), но тие со години не се во добри односи.

    „Нивниот однос никогаш не бил најдобар, не се слушнале со години, дури ниту на телефон. Енрике чувствува дека војата кариера ја создаде без помошта на својот татко“, пишува „Ел национал“.

    Енрике поради тоа одлучил да го одбие наследството на кое имал право како едно од осумте деца на Хулио. Не дека му тоа му е потребно, со оглед на тоа дека неговото богатство се проценува на 100 милиони евра, а неговата сопруга, поранешната тенисерка Ана Курникова, на 60 милиони.

    Сепак, се проценува дека Хулио има богатство вредно 800 милиони евра, па Енрике би имал право на дури 100 милиони. Хулио Иглесијас своето богатство делумно го заработи преку многу успешна пејачка кариера, но и со инвестирање во недвижности во Доминиканската Република.

    Тој е сопственик на вили во Мајами и на Бахамите, има и приватен авион вреден 45 милиони евра, бренд на вотка, винарска визба, ресторани, колекција на автомобили, акции во козметички компании и уште многу други вредни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img