More

    Енвер Беџети решавал нови предмети додека предметот за Мијалков го чувал во фиока!!!

    spot_img

    Предметот „Таргет-тврдина“ за кој Апелација ја укина пресудата и го ослободи Сашо Мијалков има опасност од застарување, а судечкиот судија Енвер Беџети решавал нови предмети додека овој го чувал во фиока. Судскиот совет смета дека судечката петорка од Апелација не го оправдала чувањето на предметот во фиока, иако тврделе дека тоа е поради тоа што го проучувале предметот. Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет кој го испитување постапувањето на судиите, кажа дека нема оправдување што девет месеци не била донесена одлуката од страна на Апелација.

    -„Работната група констатираше дека е изминат период од девет месеци од денот на завршување и одржување на јавна седница до донесување на донесување и објавување на одлуката 05.12.2022 година. Сметаме дека нема образложени причини за изминување на толку долг период од завршување на јавната седница до објавување на одлуката. Сметаме дека се создадени услови за евентуално застарување на оваа постапка, што е сериозна повреда, поради непочитување на роковите за донесување на одлуката. Побаравме објаснување од судијата известител. Како причини за оваа состојба беа наведени големиот број на предмети и тоа вообичаено тешки предмети од висок јавен интерес кој според АКМИС му биле распоредени на судијата известител. Тоа е видно и од уписникот, го проверивме. Неспорен е фактот дека нормата месечна ја исполнувал, но она што го констатиравме дека од сите предмети кои му биле распоредени во работа на судијата известител, единствено „Таргет-тврдина“ е незавршен предмет“, кажа Тања Чачарова-Илиевска, еден од членовите на Судскиот совет.

    Судијата Енвер Беџети кој сака да стане Врховен судија е одговорен за движењето на предметот „Таргет-тврдина“. Судски совет констатирал дека тој решавал нови предмети дури од 2022 година, но не и предметот за прислушувањето која пресуда беше укината, а предметот е на чекор да застари.

    „И покрај тоа што имал голем обем на работа, тој има завршувано предмети со понов датум, дури и дадени предмети од 2022 година. Од писмената изјава на судијата известител, како и од претседателот на судечкиот совет и другите двајца членови, се наведени како причини: сложеноста на предметот, доказниот материјал кој се проучувал и потребното време за ценење на првостепената одлука. Симптоматично е во сите изјави се наведува дека „од денот на одржување на јавната седница до донесување на одлуката членовите се состанувале, меѓутоа од податоците кои се доставени за предметот, утврдивме дека нема запис за состанување, повторно, на членовите на судечкиот совет. Затоа констатиравме дека нема образложени причини за изминување на толку долг период од јавната седница до донесување на одлуката. Писмената одлука не е изработена од страна на судот“, додаде таа.

    Сите судии кои одлучувале по овој предмет, имале мандат и немало пензиониран судија во моментот донесување на одлуката.

    „Од одржување на јавната седница и нејзино завршување до донесување на одлуката изминал неразумно долг рок“, кажа Тања Чачарова-Илиевска, член на Судскиот совет.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img