More

    Елитната нуклеарна подморница ја „крпеле“ со секундарен лепак!

    spot_img

    На британска нуклеарна подморница, која се ремонтира веќе седум години, пронајдени се завртки закачени со суперлепак.

    Тоа откритие сериозно го „збеснa“ шефот на британското Министерство за одбрана, Бен Валас, барајќи состанок и „гаранции за идните работи“ пренесува „The Sun“. Завртките кои беа прикачени со суперлепак ја држат изолацијата на цевките со течноста што го лади нуклеарниот реактор.

    – Тоа е срамота. Не можете да ги намалувате трошоци кога станува збор за нуклеарно гориво. Стандардите се стандарди. Нуклеарните стандарди никогаш не се компромитирани – велат извори за „The Sun“.

    Британската морнарица ќе ги испита работниците кои ја поправаат „Vanguard“, една од четирите нуклеарни подморници во британската морнарица, пренесува „The Sun“.

    фото: The Sun

    При проверка на првата од четирите подморници од класата „Vanguard“, тие откриле дека им паднала главата на една од завртките што ја држат изолацијата на цевките со течноста што го лади нуклеарниот реактор. При понатамошен увид, се покажа дека главите на најмалку седум шрафови се откорнати поради преголем вртежен момент на затегнување и повторно залепени со супер лепак.

    Подморницата е поправена во поморската база Девонпорт во Плимут.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img