More

    Економскиот совет не договори мерки

    spot_img

    Не беше усвоен пакет економски мерки за помош на стопанството и граѓаните на денешниот економски совет во Владата, иако рокот поставен од стопанствениците беше до денес, најавувајќи дека во спротивно голем број претпријатија ќе мора да бидат затворени.

    Коморите, Владата и синдикатот се договориле да донесат мерки најдоцна до идната среда или до крајот на оваа недела.

    Барањата на  бизнис секторот и на синдикатите кои беа доставенина претходните средби, сега се проширени.

    Се бара намалување на цената на електричната енергија, односно освен замрзнување на маржите на трговците со струја, да бидат донесени и други мерки и помош за компаниите кои произведуваат основни производи, кои во минатиот период значително поскапеа.

    Сојузот на синдикатите бара да се врати платежната картичка за купување основни производи. Се бараат мерки за ублажување на ценовниот шок, оценувајќи дека во спротивно работниците нема да може да ги издржат цените кои постојано растат.

    По состанокот, Владата соопшти:

    „Беа разгледани сите опции за снабдување со електрична енергија од домашно производство, како и модалитетите за поддршка на стопанството и граѓаните на кои тоа им е потребно. Во таа насока беше истакнато зголемувањето на производството на електрична енергија од АД ЕСМ за 25%, како и напорите да се обезбеди електрична енергија со пониска берзанска цена за што веќе се водат преговори со неколку земји. Овие напори продолжуваат и во наредните денови, сè со цел помош на компаниите кои се на отворениот пазар да добијат струја која е поповолна од берзанската цена. 

    Во рамки на заложбите за обезбедување електрична енергија од сопствени извори беа разгледани модалитетите за вклучување на електраната  ТЕТО во „Б режим”, пришто нејзиното производство би било понудено на приватниот сектор по фиксна цена, согласно движењето на берзанските цени на гас.

    – Сите сме свесни за тоа како енергетската криза ќе се одрази врз целокупната економија на државата, врз стопанството и граѓаните. Наредната недела Владата ќе излезе со конкретни таргетирани мерки насочени кон најранливи категории граѓани и компаниите. Воедно ќе продолжи економскиот и социјален дијалог со синдикатите со цел сите заедно полесно да ја пребродиме кризата – истакна премиерот Ковачевски и ги повика сите чинители во државата на одговорно однесување.

    Ковачевски истакна дека се обезбедуваат и мерки за помош на компаниите преку Развојната банка, кои ќе овозможат ликвидност за компаниите и полесно пребродување на кризата во месеците кои следат. 

    На Економскиот совет беше реафирмиран апелот до пратениците во Парламентот за што поскоро изгласување на Законот за задолжување во Европската банка за обнова и развој од 100 милиони евра, што обезбедува ликвидни средства по исклучително поволна каматна стапка, како и за работењето на ЕСМ во услови на криза. Премиерот Ковачевски во овој контекст посочи дека не е време за политички агенди, туку за работење исклучиво во интерес на граѓаните и државата. Апелот воедно се однесува и на Законот за енергетика и неговите соодветни измени, на Законот за нафта и нафтени резерви, како и за спроведување на одлуката за распределба на финансиски средства, односно прераспределба на ставки кои што се однесуваат на справување со енергетската криза.

    На состанок на Економскиот совет се обратија и министерот за финансии Фатмир Бесими  кој истакна дека буџетот нема да има проблеми со ликвидноста и покрај економската криза и дека бизнис заедницата може да биде спокојна, но и подготвена на одговорно работење.

    На Економскиот совет гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска истакна дека навремено се согледани макроекономските импликации на енергетската криза и дека се преземени сите потребни мерки за контрола на инфлацијата и одржување стабилен курс на денарот. Воедно беше посочено дека финансиската стабилност и ликвидност на банките е обезбедена и во време на криза.

    Заклучено беше дека енергетската состојба е стабилна, и дека дополнителните таргетирани антикризни мерки за граѓаните и стопанството на кои Владата работи активно се потребни што поскоро. Воедно, утврдена беше потребата од одговорно однесување кон енергенсите, солидарност  и поддршка за ранливите категории граѓани“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img