More

    Еквадорците покажаа карактер

    spot_img

    Холандија и Еквадор одиграа нерешено во натпреварот од второто коло од групата А на Светското првенство во 2022 година. Средбата на стадионот „Калифа” заврши со резултат 1:1.

    Резултатот го отвори холандскиот напаѓач Коди Гакпо во 6. минута, Во 45+3 минута Еквадор можеше да израмни, но голот на Пурвис Еступинан беше поништен поради тоа што Аугусто Поросо беше во офсајд и му пречеше на погледот на голманот на Холандија.

    На почетокот на вториот дел, во 49. минута, еквадорскиот играч за врска Енер Валенсија сепак постигна гол и го постави конечниот резултат на натпреварот.

    Во 89. минута Валенсија се повреди и беше изнесен од теренот на носилки. Триесет и тригодишниот играч од средниот ред беше заменет со Кевин Родригез.

    Следниот меч Холанѓаните го играат на 29 ноември против Катар, а истиот ден Еквадорците ќе се сретнат со Сенегал. Двата натпревари ќе започнат во 16 часот.

    По комплетирање на второто коло во А-групата, првото место го делат Холандија и Еквадор со по четири бода, трет е Сенегал со три, Катар е последен без освоен бод.

    Земјата домаќин на Светското првенство во 2022 година ги загуби шансите за пласман во плејофот на турнирот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img