More

    Едно лице загина во пожарот во зграда зад Инфективна во Белград

    spot_img

    Нешто по полноќ бил пријавен пожар во станбена зграда во кругот на инфективната клиника во Белград, при што едно 60-годишно лице го загубило животот, додека уште едно пренесено во болница.

    – Една екипа згрижи еден пациент и го пренесе во Воено медицинската академија, а друга екипа остана на местото на пожарот за време на гаснењето и на крајот само констатиравме смрт на едно лице – изјави докторката Ивана Стефановиќ.

    Како што пренесуваат српските медиуми, пожарот избил поради маслен радијатор, при што биле уништени пет станови.

    Пожарникарите брзо реагирале, но не е познато дали пожарот претставувал закана да се префрли на Клиниката за инфективни и тропски болести на Клиничкиот центар.

    Според информациите, интервенирале две екипи на Брза помош при што на лице место било пронајдено едно јагленосано тело, додека една жена е пренесена во ВМА.

    – Беше електричар и постар човек. Претходно тој има работено во техничката служба на Клиничкиот центар – велат соседите на починатиот.

    Дури 38 пожарникари синоќа се бореле со стихијата која ја голтала зградата. Во моментов во зградата има две екипи пожарникари кои ја следат состојбата на терен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img