More

    Еден маж загина, а две жени и две деца се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Белград-Нови Сад

    spot_img

    Еден маж загина, а две жени и две деца се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи денеска на автопатот Белград-Нови Сад.

    Како што пренесуваат српските медиуми, загинатиот е хрватскиот државјанин М.А.(1966), кој управувал „пежо“ со македонски регистарски ознаки. Повредените жени и деца се државјани на Македонија.

    Портпаролот на Брза помош во Нови Сад, д-р Николина Мариќ изјави дека еден постар маж го загубил животот на лице место, додека една постара жена е пренесена и во Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина (КЦВ) во Нови Сад на реанимација.– Медицинските екипи можеа само да констатираат смрт на постар маж кој починал на лице место додека една повозрасна жена е пренесена во несвест во Ургентниот центар на Клиничкиот центар Војводина на реанимација заедно со уште една 32-годишна жена која била свесна. Во сообраќајката се повредени 7-годишно девојче и 10-годишно момче кои се пренесени во Нови Садскиот Завод за здравствена заштита на деца и младинци за понатамошна дијагностика – вели Мариќ.

    Сообраќајната несреќа се случила денеска околу 11.50 часот во близина на клучката Ковиљ. До несреќата дошло кога се судриле две возила.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img