More

    Евтиното македонско месо ги загрозува бугарските сточари

    spot_img

    Бизнисот на одгледувачите на овци во Бугарија е загрозен од евтиното јагнешко месо на бугарскиот пазар увезено од Северна Македонија, јави софиската телевизија бТВ.

    Телевизијата посочува дека бугарски сточари наведуваат дека причина за поевтиното јагнешко месо од земјава е тоа што македонските производители добиваат високи субвенции од државата.

    Одгледувачите на овци во Бугарија посочуваат дека цената по која тие го продаваат јагнешкото месо достигнува до 18 лева (9 евра), додека во трговската мрежа тоа се продава за околу 20 лева (10 евра).

    Јанка Попова, кој со овчарство се занимава од 2008 година и одгледува околу 1.000 овци, за бТВ вели дека состојбата во Бугарија е таква затоа што бугарските сточари немаат доволна поддршка од државата за произведеното јагнешко месо или млеко.

    – За овие 14 години колку што сме во Европската Унија, се доведовме во ситуација производството да го направиме зависно само од субвенции. Во моментов државните субвенции се такви што не можат да ги покријат трошоците, доколку немате пазар и пазарна реализација на вашата стока – вели Попова, додавајќи дека на зголемувањето на трошоците влијае растот на цените на струјата и на сточната храна.

    Според неа, цената на сточната храна е двојно зголемена во однос на минатата година и ако лани се продавала по 32 центи сега е 70 центи, поради тоа голем дел од производителите на месо и млеко не можат да продолжат со работа.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img