More

    Европските пратеници го изгласаа извештајот за забрзување на политиката за проширување

    spot_img

    Европскиот Парламент денеска го усвои извештајот на хрватскиот пратеник Тонин Пицула за политиката на проширување во кој се истакнува дека тоа е најсилната „геополитичка алатка” на ЕУ.

    Во Извештајот се предлагаат различни мерки за забрзување на процесот, меѓу кои и предлогот одлуката за отворање ново поглавје во пристапните преговори да се носи со квалификувано мнозинство, пренесе Хина. Извештајот беше усвоен со 502 гласа „за„, 75 „против” и 61 воздржан.

    Во извештајот, кој претставува препорака на Европарламент до Советот, Комисијата и високиот претставник на Унијата за надворешни работи, за новата стратегија на ЕУ за проширување, се нагласува дека проширувањето е „најефективниот инструмент на Надворешната политика на ЕУ и една од најуспешните политики на Унијата, и дека таа е исто така натамошна стратешка, ориентирана кон иднината геополитичка инвестиција во мирот, безбедноста, стабилноста и благосостојбата на европскиот континент” и „најсилната геополитичка алатка” на ЕУ.

    Во изјава за Хина, Пицула изрази надеж дека политиката на проширување нема да биде некаква споредна политика, како што беше случај последните десетина години, туку ќе биде во фокусот на ЕУ со што Унијата ќе може да влијае на геополитичките односи, наместо геополитичките односи да влијаат на ЕУ. Тој, исто така, посочи дека инвазијата на Украина го зголеми „интересот за мултилатерално решавање на проблемите” и дека овој „моментум треба да се искористи”.

    – За жал, војната против Украина ѝ покажа на Европската Унија колку таа, со својот стагнантен однос кон соседството кое посакува членство, можеби придонесе за нивната слабост и им отвори простор на геополитичките ривали да бидат многу поактивни и поагресивни, истакна Пицула.

    Во извештајот се наведува дека Советот „ги изневерило земјите кандидати за проширување затоа што го блокираше процесот на пристапување и не ги исполни долгогодишните ветувања на ЕУ”, што предизвика одложување на почетокот на пристапните преговори со Албанија и Северна Македонија, додека „недостигот на акција и кредибилитет на ЕУ во последните неколку години создаде вакуум и на тој начин отвори простор за Русија, Кина и другите злонамерни трети актери.”

    Европратениците предлагаат да се воведе рок за завршување на преговорите со земјите кои сакаат да се приклучат на ЕУ, одлучувајќи со квалификувано мнозинство за почеток на преговорите и за отворање и затворање на одредени поглавја, додека конечната одлука за проширувањето сепак би била донесена со едногласна одлука. Се наведува и дека земјите-членки треба да избегнуваат користење на „нерешени билатерални и регионални спорови за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати”.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img