More

    Европската комисија не го коментира предлогот на Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот засега останува ист

    spot_img

    Европската комисија не го коментира предлогот на Емануел Макрон за Европска политичка заедница додека не биде финализиран, процесот засега останува ист, јави дописничката на МИА од Брисел.

    По предлогот на францускиот претседател Емануел Макрон во неговиот говор од Стразбур дека за да се интегрира побрзо Украина потребна е Европска политичка заедница, затоа што до полноправно членство Киев ќе треба да чека уште долги години, Европската комисија денеска порача дека не може да го коментира овој став додека не го види целосно формулиран.

    – Слушнавме вчера, но тој самиот рече дека ќе го презентира предлогот со повеќе детали пред неговите колеги во Европскиот совет. Ќе чекаме да видиме што има на ум, но што се однесува до нас имаме европски процес на зачленување кој е во тек со одреден број земји и ништо не се менува што се однесува до овие процеси – изјави Ерик Мамер, портпарол на Европската комисија.

    Тој истакна дека апликацијата на Украина пристигнала до службите во Комисијата и целта е до крајот на јуни оваа институција да објави мислење за кандидатскиот статус на Киев во ЕУ.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img