More

    Европратеник повика Македонија и Бугарија да не останат во минатото

    spot_img

    Словачкиот европратеник од ЕПП Владимир Билчик ги повика Бугарија и Северна Македонија да најдат решение за билатералниот спор, притоа посочувајќи ги новите предизвици со кои би се соочиле двете земји, но Европската Унија во целост.

    – Да, има билатерални проблеми меѓу Бугарија и Северна Македонија. Но, имавме и имаме многу билатерални проблеми во Централна Европа. Со ништо овие проблеми на Балканот не се уникатни. Имавме такви проблеми со Унгарија, меѓу Чешка и Словачка, кога беше поделена Чехословачка, и тие беа поврзани со малцинствата, нивното признавање, но ние се справивме со нив на патот кон ЕУ, па сè што сакаме да направат нашите пријатели во Бугарија и Северна Македонија е да најдат начин да разговараат со едни со други и во исто време – вели европратеникот Билчик во неговото интервју за БНР.

    Билчик вели дека не станува збор само за овие две земји, туку за многу посериозни европски стратешки интереси.

    – Треба да најдеме начин како да го придвижиме проширувањето и пристапниот процес и да ги решиме билатералните проблеми. Доколку останеме во минатото можно е Русија да интервенира и во двете земјите, како што тоа го прави во другите региони. Поради тоа јас ги стискам палците за моите пријатели од Бугарија и Северна Македонија да најдат начин да се придвижат напред. Има многу емоции и проблеми, многу напорна работа за двете страни. Меѓутоа, оваа војна промени многу работи и се соочуваме со многу поголеми закани. Верувам дека прашањето за малцинствата може да се реши трпеливо и преку дијалог, како што се случи во Централна Европа – рече европратеникот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img