More

    Европа eдноставно нема друг избор

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Европа нема друга алтернатива освен да продолжи да ја користи руската енергија, предупредувајќи на „исклучително болни“ економски последици доколку континентот се обиде да го прекине снабдувањето со нафта и гас.

    – Едноставно нема разумна замена за Европа – рече Путин во обраќањето од својата резиденција во близина на Москва.

    – Едноставно нема резервни количини на глобалниот пазар, а испораките од други земји, пред сè од САД, кои би можеле да бидат испратени во Европа многукратно повеќе ќе ги чинат потрошувачите – додаде тој.

    Лидерите на земјите од ЕУ се обидуваат да ја намалат зависноста од руската енергија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги критикуваше земјите како Германија кои се против целосна забрана на руската нафта и гас – велејќи дека имаат крв на рацете.

    Сепак, Путин исто така призна дека има „проблеми со плаќањата на руските извозни енергенси“ бидејќи банките од „непријателските земји“ го одложуваат трансферот на средствата.

    – Како што многупати кажавме, тука најголем проблем е нарушувањето на извозната логистика – рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img