More

    Европа неделава ќе предложи кандидатски статус за Украина

    spot_img

    Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, објавува бриселскиот портал „Политико“ повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори.

    Еврокомесарите разговарале за тоа прашање во текот на вчерашниот ден, по ненадејната посета на шефицата на ЕК, Урсула фон дер Лајен, во саботата на Украина.

    – Комисијата не заборава дека Украина е единствената земја во Европа каде што умираат луѓе, каде што врз луѓе се пука затоа што носат знамиња на ЕУ на улиците – вели високопоставен функционер на ЕУ.

    Тој додал дека сега на Украинците не може да им се каже „извинете, веевте погрешни знамиња“.

    За да се додели кандидатски статус на Украина потребен е консензус на сите 27 шефови на држави и влади на состанокот на Европскиот совет закажан за наредната седмица.

    Официјални лица и дипломати во Брисел сепак посочуваат дека најмалку три држави-членки на ЕУ се против кандидатски статус за Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img