More

    Евролигата ја намали казната за Жалгирис поради однесувањето на навивачите на мечот со Звезда

    spot_img

    Кошаркарскиот клуб Жалгирис соопшти дека казната на клубот е намалена поради неспортското однесување на навивачите на литванскиот клуб и провоцирањето на гостите од Србија при гостувањето на Црвена звезда на натпреварот од Евролигата во март.

    Казната е намалена од девет на три илјади евра.

    * Навивачите на Жалгирис: Не толерираме ѓубриња да стојат покрај Русите

    Овој натпревар го одбележаа контроверзии – кошаркарите на Жалгирис сакаа заедно со црвено-белите да држат натпис во боите на украинското знаме на кој пишуваше „Стоп за војната“.

    Српскиот шампион избегна да испрати каква било политичка порака, а навивачите на домашниот тим ги исвиркаа играчите на Звезда бидејќи не сакаа да го држат знамето.

    За време на натпреварот, кој заврши со победа на Жалгирис по продолжението од 103:98, навивачите на литванскиот тим вееја знамето на НАТО и знамето на Украина пред играчите и малиот број навивачи на српскиот тим, скандирајќи навредливи пароли.

    Навивачите на литванскиот тим започнаа кампања за собирање пари за да ја платат казната на клубот, тие собраа нешто повеќе од шест илјади евра, а бидејќи сега е намалена казната, остатокот ќе го платат на хуманитарна организација која им помага на Украинците погодени од војната.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img