More

    Еве кој член на кралското семејството прв ја запознал ќерката на Меган и Хари

    spot_img

    Принцот Хари беше домаќин на првиот јавно потврден кралски посетител во Калифорнија, откако се пресели во Америка со сопругата Меган и синот Арчи, пред две години.

    Војводата од Сасекс беше фотографиран со својата братучетка, принцезата Евгенија на Супербол, каде што гледаа како Лос Анџелес Ремс ги порази Синсинати Бенгалс. Двајцата седеа еден до друг, но со заштитни маски на стадионот „СоФи“ во Лос Анџелес, а ТВ-екипите ги снимиле како заедно уживаат во натпреварот.

    Ќерката на принцот Ендру, Евгенија, отсекогаш ја поддржувала љубовта на Хари и Меган, а тие често се дружеле во текот на нивниот живот во Англија.

     

     

    Војвотката од Сасекс, Меган Маркл, рекла во интервјуто во март 2021 година на Опра Винфри дека ја познавала Евгенија уште пред да го запознае Хари и дека била присутна и кога Меган првпат ја запознала кралицата Елизабета Втора.

    Евгенија е првата од семејството која имала можност да ја запознае ќерката на Меган и Хари, малата Лилибет Дијана, а девојчето веднаш ја освоило.

     

     

    Наскоро се очекува голема семејна средба во Велика Британија, која треба да ја организира принцот Чарлс, за да се сретне со својата внука, но и за повторно да се зближи со синот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img