More

    Еве зошто Путин мора да го освои овој пристаништен град

    spot_img

    Се водат последните битки околу Мариупол, а војниците заедно со цивилите во челичарницата „Азовстал“ не се предаваат. Но, не се откажува ни руската страна. Градот е клучен за Путин да обезбеди врска меѓу двата региони кои Русија ги држи под контрола, Крим и делумно Донбас. Уште повеќе, за да може да донесе опрема и залихи за руските војници кои се борат во Донбас. Ќе успее ли да го заземе градот до парадата на 9 мај?

    Непрекината руска територија меѓу Крим и Донбас

    Кога Русите би го зазеле Мариупол, тие би окупирале непрекината територија од полуостровот Крим на југ па сѐ до регионот Донбас на исток. Ова е доволно за да се прогласи победа. Тоа би значело и дека Русите контролираат 80 отсто од брегот на Црното Море, што е од витално значење за украинската и меѓународната трговија.

    – Фактот што не можеа да го направат тоа во 56 дена е веројатно главен извор на срам за нив. Тие не го очекуваа овој обем на отпор што го дадоа Украинците – изјави Ед Арнолд, научен соработник за европска безбедност во одбранбениот тинк-тенк РУСИ, за Скај њуз.

    Економското средиште на Украина 

    Мариупол истовремено е клучниот пристанишен град на Украина. Челичарницата „Азовстал“ е една од најголемите фабрики во Европа. Со тоа што го нападнаа градот Русите ја десеткуваа способноста на Украина да извезува железо и челик, но и јаглен и жито преку морските врски, до остатокот од светот.

    – Црното Море во суштина е веќе целосно блокирано од Русите. Украина навистина не може да стори ништо за тоа – и мора да го преземе тој огромен економски удар – вели Арнолд.

    Мариупол бил дел од Новоросија, а претходно го владееле Османлиите

    Постои и трет мотив за освојувањето на Мариупол, а тоа е историјата. Владимир Путин ја гледа целата област околу Црното Море, вклучувајќи го и Мариупол, како историски дел од Русија, наречен Новоросија во 18 век, кога Русите оттаму ги истерале Османлиите. Но, по 1991 година, територијата се вратила под капата на Украина.

    Неодамнешните изјави на украинското разузнавање велат дека се чистат улиците во Мариупол за големата парада на 9 мај. Според некои бројки, 20.000 цивили во градот веќе загинале, a 90 oтсто од зградите се разрушени.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img