More

    Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа

    spot_img

    Евентуалниот прием на Шведска и на Финска во НАТО, нема да ѝ донесе стабилност на Европа, соопшти денеска Кремљ.

    – Во повеќе наврати рековме дека северноатлантската Алијанса останува оружје насочено кон конфронтација и дека нејзиното натамошно ширење нема да му донесе стабилност на европскиот континент – одговори портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарско прашање за можниот влез на Шведска и на Финска во НАТО.

    Весникот „Тајмс“, повикувајќи се на информации од американски дипломат, претходно објави дека членство на двете скандинавски земји било тема на повеќе разговори меѓу министрите за надворешни работи на НАТО во изминатите недели. На разговорите учествувале и претставници на Финска и на Шведска.

    Финскиот претседател Нинисто во петокот изјави дека очекува во неговата земја да постои парламентарно мнозинство за скоро зачленување во Северноатлантската алијанса.

    На самитот на министрите за надворешни работи на НАТО, генералниот секретар Јенс Столтенберг изјави дека загриженоста Русија да го искористи времето меѓу аплицирањето и конечниот прием за напад врз двете земји, не е никаков аргумент против приклучување.

    Во Финска, како и во Шведска, според анкетите на јавното мислење, расте процентот на граѓаните кои се за членство во НАТО. Додека секој трет Финец во јануари на пример бил за влез во Алијансата, на почетокот на март за првпат повеќе од половината анкетирани се за оваа опција.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img