More

    Дури 46% од интернет корисниците во Македонија купуваат производи онлајн

    spot_img

    Дури 46% од интернет корисниците во Македонија купуваат производи онлајн, податоците и бројките покажуваат раст на е-трговијата, но сепак нашата земја сѐ уште е рангирана на дното споредено со европските земји, истакна претседателката на Асоцијацијата за е-трговија, Нина Ангеловска, на петтата годишна конференција за е-трговија што се одржа во Скопје и на која присуствуваа над 500 учесници од повеќе од 10 земји.

    Ангеловска порача дека Македонија мора во идниот период да го забрза развојот на е-трговијата за да би го одбегнала дното и би се искачила неколку места погоре на листата.

    – Македонецот купува онлајн еднаш до два пати во 3 месеци, прави нарачки најчесто до 50 евра, а најмногу нарачува од домашни е-трговци. Најмногу купува облека онлајн, а најмалку мебел и храна. Вредноста на трансакциите кои Македонците ги реализирале кон домашните е-трговци во првата половина на 2022 изнесува 12 милијарди денари и е за 22% повисока споредбено со првото полугодие во 2021. За охрабрување е и фактот дека во првата половина на 2022 година се отворени 110 нови е-продавници, што укажува на тоа дека продолжува трендот на зголемување на бројот на уреди кои примаат платежни картички на виртуелни места на продажба. Во однос на навиките за користење на услугите од електронското банкарство, во Македонија се забележува значителен пораст на 31% од населението кое користи интернет, но тоа не е доволно – нашата земја е подобра само од соседните земји, додека 66% од Европејците го користат интернетот за е-банкарство – истакна Ангеловска.

    Но, затоа, пак, наведено е во извештајот, дури 85% од Македонците го користат интернетот за социјални мрежи и се во горниот ранг.

    „Сите балкански интернет корисници најмногу сакаат да зборуваат, а помалку да праќаат е-маил. Црногорците отскокнуваат во учество на социјални мрежи, праќање инстант пораки и читање онлајн вести, весници, списанија, додека Србите во барање информации за производи/услуги и барање на информации поврзани со здравјето, додека Босанците за продавање на производи и услуги онлајн иако во речиси сите други активности на интернет се на последно место“, посочено е во анализата што ја презентираше Ангеловска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img