More

    Дуа Липа кај Курти: Неизмерен придонес за Косово

    spot_img

    Косовскиот премиер Албин Курти беше домаќин на светски познатата пејачка Дуа Липа, која дојде во Косово по повод третото издание на меѓународниот музички фестивал „Сончев рид“.

    Курти и честиташе на Дуа за нејзиниот фантастичен успех и го пофали нејзиниот глас, музика и настапи на светските сцени, соопшти Владата на Косово.

    Курти и се заблагодари за достоинственото претставување и промовирање на уметничките вредности на Косово ширум светот.

    „Придонесот што го дадовте и го давате за Косово е немерлив“, рече премиерот Курти.

    Пејачката Дуа Липа му се заблагодари на премиерот за приемот и го повтори својот ангажман и заложба за промоција на косовските уметници и таленти, како и за либерализација на визите за граѓаните на Косово.

    На средбата присуствувал и таткото на Дуа, Дукаѓин Липа, со кого разговарале за напредокот на фестивалот „Сончев рид“ кој завршува вечерва. Дукаѓин Липа рече дека ова издание на Фестивалот предизвика голем интерес кај младите од целиот свет. Тој додаде дека во текот на претходните три фестивалски вечери присуствувале млади од 60 земји.

    Претходно, претседателката на Косово, Вјоса Османи, на Дуа Липа и ја додели титулата почесен амбасадор на Република Косово за нејзиниот придонес во афирмацијата на Косово.

    Дуа Липа настапи на првиот ден од четиридневниот фестивал „Sunny Hill“, пред околу 25.000 гледачи.

    Со пораката „Ослободи ме“, фестивалот повикува на либерализација на визите за Косово. Фестивалот „Сончев рид“ во соопштение на Фејсбук потсетува дека граѓаните на Косово, поради стагнацијата на интегративните процеси, се единствените кои единаесет години не можат слободно да ги минуваат границите без виза.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img