More

    Државниот врв ја одбележа годишнината од смртта на претседателот Борис Трајковски

    spot_img

    Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на претседателот Борис Трајковски во Алејата на великаните на градските гробишта „Бутел“ во Скопје, по повод одбележувањето на 18-годишнината од загинувањето на Трајковски во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.

    Во рамките на пригодните активности на Владата во знак на одбележување на 18-годишнината од авионската несреќа свежо цвеќе на гробот на поранешниот претседател Трајковски, во Бутел положи и владината делегација во состав Оливер Спасовски, министер за внатрешни работи, Владимир Рендевски, заменик-министер за здравство и заменик-министерот за транспорт и врски, Беким Реџепи.

    И претседателот на Собранието, Талат Џафери, зема учество во одбележувањето на 18-годишнината од трагичната смрт на Трајковски во авионската несреќа, што се случи на 26 февруари 2004 година, во која загинаа и членови на неговата осумчлена делегација.

    „Трајковски го паметиме како човек и политичар кој несебично се залагаше за мирот и стабилноста и во Република Северна Македонија и во Регионот“, напиша Џафери на Фејсбук.

    Делегација, составена од претставници од Кабинетот на претседателот, од Собранието и од Владата, положи свежо цвеќе и пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина.

    Како претставничка на Владата беше Славица Грковска, вицепремиер за добро владеење, независниот пратеник Зекир Рамчиловиќ во име на Собранието и Катерина Цаневска, како претставник од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија

    На одбележувањето на 18-годишнината од трагичниот настан од смртта на претседателот Трајковски, на спомен обележјето на несреќата, со пригодна државничка и воена церемонија, свежо цвеќе положи делегација на Република Босна и Херцеговина.

    Пендаровски, како што соопштија од неговиот Кабинет, положи свежо цвеќе и на вечните почивалишта на загинатите членови на делегацијата: Димка Илкова – Бошковиќ, Ристе Блажевски, Миле Крстевски, Марко Марковски и Бранко Ивановски.

    Делегација на Кабинетот на претседателот денеска положи свежо цвеќе и на вечното почивалиште на Анита Кришан Лозановска на гробиштата во Велес.

    – Осумнаесет години по смртта на претседателот Трајковски, тој останува да биде запаметен по неговите заложби и вредности за мир, единство, за интегритет, за нашата држава како мултикултурна заедница и како членка на ЕУ и на НАТО – наведуваат од прес-службата на Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img