More

    Доцнела ли Апелација со одлуката за спорниот предмет?

    spot_img

    Многу обвинети, многу сведоци, материјал испишан на илјадници страници. Според претседателката на Апелациониот суд Скопје, Лидија Дамчевска, најверојатно ова се причините поради коишто се одолговлекуваше одлуката на Апелација за предметот „Таргет-Тврдина“.

    Таа во разговор за Плусинфо вели дека не може со сигурност да ги посочи причините за доцнењето, но како што истакнува, колегите ја информирале дека станувало збор за прилично комплициран предмет за чие разгледување и одлучување било потребно повеќе време.

    – Јас им оставам на судиите сами да си ги менаџираат предметите и да ги решаваат во разумен рок, бидејќи тие се должни тоа да го прават. Но, на прашањата дали одлуката доцнела или зошто доцнела, јас не можам во моментов да дадам одговори затоа што лично не работам на предметот. Моментално сум на одмор, но деновиве ќе се видам со колегите и ќе се обидам да добијам нови информации. Да сум го гледала предметот и тој предмет да бил кај мене, јас сигурно и сега би ги знаела причините за доцнењето. Но, Судскиот совет слободно нека дојде и нека оцени дали постојат аномалии и грешки. Знам дека постои огромен интерес за предметот „Таргет-Тврдина“ и дека јавноста во Македонија сака да разбере што и зошто се случувало, но ветувам дека наскоро сѐ ќе биде детално објаснето од наша страна – ни изјави Дамчевска.

    Претходно, Апелациониот суд соопшти дека ја укинал првостепената пресуда за предметот „Таргет-Тврдина“ бидејќи, според нив, пресудата за случајот со масовното прислушување била нејасна, неразбирлива и неусогласена.

    Нивното појаснување доаѓа по бројните реакции во јавноста поради потенцијалната можност овој случај да застари и поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков да се спаси без да одлежи ниту ден затвор за овој предмет.

    Во предметот „Таргет-Тврдина“ обвинети се поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, ексдиректорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Сашо Мијалков, бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски (порано вработени во УБК), Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на Мијалков, Надица Николиќ (раководителка во УБК), како и уште 5 вработени во МВР и во УБК кои првично беа осудени на условни казни.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img