More

    Дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид побарале повеќе од 25.ооо нашинци кои живеат во Иалија

    spot_img

    Дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид побарале повеќе од 25.ооо нашинци кои живеат во Иалија. Барањето му го соопштиле на министерот задолжен за дијаспора Џемаил Чупи за време на неговиот престој во Италија.

    Тој денеска информира дека вакво барање доставил до Министерството за транспорт и врски.

    „Нашите активни здруженија во регионот Венето изразија потреба од авиолинија Тревизо – Охрид, бидејќи во овој регион живеат и работат околу 25 000 граѓани од РС Македонија, од кои половината се од југозападниот регион – Дебар, Центар Жупа, Кичево, Охрид, Струга, Маврово-Ростуше“, пишува во пост на социјална мрежа Чупи .
    Тој смета дека со реализација на барањето, ќе се „ублажат тешкотиите на нашите граѓани”

    „Врз основа на договорот за финансиска поддршка помеѓу Република Северна Македонија и компанијата WizzAirHungaryLtd реализиран во 2019 година за осум авиолинии, испратив барање до Министерството за транспорт и врски да се изнајдат можности за реализација на дополнителни авиолинии на релација Тревизо – Охрид, со цел да се ублажат тешкотиите на нашите граѓани“, додава тој.

    Најавата за ова наиде на позитивни коментари од нашите иселеници, според кои ова го бараат десет години, а првпат некој македонски функционер тоа јавно го објавува. Тие очекуваат и дека барањето ќе биде исполнето.

     

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img