More

    Дончиќ и Ембид се најдобрите играчи во последната недела во НБА

    spot_img

    И последната недела од регуларниот тек на НБА шампионатот повторно донесе одлични индивидуални партии, наградата за играчи на неделата им припадна на Лука Дончиќ и Џоел Ембид. Словенецот во последната недела од сезоната беше прогласен за играч на Западната конференција, додека сенегалскиот центар тоа признание го доби на Истокот.

    Љубљанецот ги оствари сите три победи во дресот на Далас Маверикс, а во просек бележеше по 30,3 поени, 10 асистенции и 9 скока по натпревар. Ова е трет пат во сезоната Љубљанецот да биде играч на неделата.

    * Европа во НБА: Дончиќ гласаше во првата, Јокиќ во втората петорка

    Блесна и центарот на Филаделфија Севентиси – го предводеше својот тим во три победи во четири натпревари, со просек од 38,7 поени, 14,3 скока, со шут од игра од 60,9 отсто. Можеби е изненадувачки што ова е само втора недела во која „Процес“ ја добива наградата за играч на неделата во сезоната 2021/2022.

    Доделени се и наградите за дебитант на сезоната – на Запад тоа е Џејлен Грин од Хјустон Рокетс, кој сезоната ја заврши со одлична партија против Атланта, во која постигна 41 поен. На истокот, Скоти Барнс од Торонто по втор пат е дебитант на месецот. Оваа награда ја освои и за февруари, а несомнено е дека е на пат да стане вистинска НБА суперѕвезда во наредните сезони.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img