More

    Документот само кажува до која фаза сме стигнати

    spot_img

    Нацрт-билатералниот протокол кој денеска пристигна во бугарското народно Собрание е документ кој дава насоки и редослед како да се спроведе Договорот за добрососедство и тој протокол нема нови барања, односно услови за Македонија.

    Ова го рече премиерот Димитар Ковачевски на денешната заедничка прес-конференција со финската премиерка Сана Марин, потенцирајќи дека билатералниот протокол не претставува посебен договор или нешто ново.

    – Тоа се следните чекори во однос на спроведувањето на договорот и обврските на Бугарија и Македонија. Тој протокол се потпишува на ниво на министерства за надворешни работи. Протоколот кажува до која фаза сме стигнати и што е наредно. Тоа не е нов договор во кој се додава нешто – рече Ковачевски.

    За преговарачката рамка Ковачевски додаде дека треба да е мултилатерален документ за пристапување кон ЕУ како организација на држави членки, а билатералните прашања да се решаваат на билатерално ниво.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img