More

    ДКСК ја демантира изјавата на министерот Османи во која тој тврди дека во МНР немало Извештај којшто покажува дека била направена злоупотреба на возила за партиски цели

    spot_img

    Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) ја демантира изјавата на министерот за надворешни работи Бујар Османи во која тој тврди дека во МНР немало Извештај којшто покажува дека била направена злоупотреба на возила за партиски цели. Извештајот констатира дека во предизборниот период Министерството имало 15 свои возила и две позајмени од Агенцијата за разузнавање и оти нема евиденција, ниту може да се докаже колку гориво е потрошено.

    ДКСК своите наводи ги темели на издадениот Конечен извештај од извршната ревизија на регуларност на искажаните трошоци за службените возила во МНР од 1 август до 31 октомври 2021 година (во изборен процес). Во извршното резиме до министерот, наведени се состојби кои укажуваат дека нема определено надлежно лице за водење евиденција на возила, опрема и нивно сервисирање. Нема евиденција за лице кое управува со службено возило, ниту се прават патни налози за поминати километри. Одредени корисници на службени возила немаат обезбедено и доставено уредни и веродостојни сметководствени документи до секторот за финансиски прашања и не е воспоставен систем за контрола на користењето и потрошувачката на гориво на службените возила, се наведува во извештајот на ДКСК.

    „Ова е во спротивност на тврдењето на Министерот дека нема таков извештај од „некој“ внатрешен ревизор и дека ДКСК погрешно ги интерпретира наводите“ – се вели во реакцијата на ДКСК.

    Министерот Османи во изјава за Алсат М рече дека не се точни наводите дека 15 возила на МНР се злоупотребени во партиски цели, како што соопшти ДКСК.

    – Во нашиот случај, во МНР, нема таков извештај како што беше коментирано во јавноста, во којшто некој внатрешен ревизор констатира, напротив, внатрешниот ревизор вели дека во споредба со минатото има ред. Нема таков извештај, веројатно е погрешна интерпретација – вели Османи.

    Османи за Алсат одговори и на претходната критика од шефицата на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска дека тој патувал и држел партиски активности во работно време, во предизборието.

    – Јас сум бил, за време на кампања, во работно време на партиска прес-конференција. Значи, политичар за време на работно време бил на партиска прес-конференција… Мојот одговор беше: па и јас имам право на пауза како што има секој граѓанин. Можеби таа пауза сум ја искористил – рече Османи.

    Од Антикорупциската комисија претходно најавија дека ќе побараат вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска да покрене иницијатива за одговорност за Османи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img