More

    Дискусијата ќе продолжи до изнаоѓање на решение за раст на пензиите на долг рок

    spot_img

    Методологијата за усогласување на пензиите ќе се менува со цел да се изнајде модел кој ќе овозможи одржливо решение на долг рок, договорија здруженијата на пензионери и Владата на денешната средба.

    Следната средба е закажана за почетокот на март, а дотогаш Владата ќе ги направи потребните симулации за предлозите на пензионерите.

    Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи очекува решение да се најде максимум до 10 март, а, како што изјави денеска, ќе биде среќен тоа да се случи и многу порано.

    – Мислам дека имаме согласност оти методолгијата за усогласување треба да се смени. Мислам дека на наредната средба ќе го имаме дефинирано моделот и ќе имаме заеднички став. Се радувам што и Сојузот на здруженија на пензионери и Партијата на пензионери беа солидарни кон различните категории на пензионери и добиваат различна висина на пензии. Зборувавме за различни модели кои ќе значат посолидарен начин на поддршка. Тоа што ни остана како Влада е во следниот период да направиме симулации и да видиме какви импликации ќе има тоа врз пензискиот фонд, изјави Битиќи по средбата.

    Нагласи дека пензискиот фонд е стабилен и оти има зголемени приходи минатата година, а тенденцијата е тој тренд да продолжи.

    – Тоа осигурува дека ние може да одговориме позитивно на зголемување на пензиите. Само во јануари имаме усоглсување на пензиите од три проценти. На просечна пензија тоа е околу 478 денари во апсолутен износ. Ако останеме на истиот модел, пензионерите ќе добијат најмалку уште 500 денари во јули, но ние зборуваме за нов модел на усогласување кој ќе понуди повеќе од тоа, изјави Битиќи, порачувајќи дека нема да направат модел кој ќе значи за две години нестабилност на пензискиот фонд.

    Моделот којшто го предложиле од пензионерските здруженија е тој да биде заснован на промена на животниот стандард и промена на просечните плати.

    Според министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска, треба да се создаде систем кој ќе овозможи сигурност за пензионерите.

    – Создаваме систем според кој пензионерите ќе имаат сигурност и покачувањето на нивните пензии нема да зависи од ничија политичка волја или од тоа дали ќе има избори. Носиме решение кое е одржливо на долг рок, изјави Тренчевска по состанокот.

    Бенефит од зголемувањето на пензиите треба да имаат 328 илјади пензионери.

    Пензионерите се задоволни од исходот на денешниот состанок и се надеваат на решение кое ќе биде прифатливо за сите страни.

    – Денеска започна процесот на разговори за да се дојде до траен модел за усогласување на пензиите кој треба да се гледа и од аспект на пензионерот и од аспект на пензискиот систем. Треба да се изнајде законско решение кое ќе обезбеди сигурност на корисните на пензии, а истовремено ќе значи одржливо решение, рече претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери Станка Трајковска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img