More

    Дирлав смета дека Путин наскоро повеќе нема да биде лидер на Русија поради сериозните здравствени проблеми и ќе биде сменет до 2023 година

    spot_img

    Поранешниот шеф на британската разузнавачка служба, Ричард Дирлав, смета дека Владимир Путин наскоро повеќе нема да биде лидер на Русија поради сериозните здравствени проблеми и дека најверојатно ќе биде сменет до 2023 година, пишува Њузвик. Уште повеќе, според него, владата во Кремљ би можела да се распадне за 18 месеци.

    – Мислам дека тој ќе си оди до 2023 година, но веројатно во санаториум – рече Дирлав за време на подкастот „Една одлука“, додавајќи дека Путин (69) повеќе нема да биде „лидер на Русија“ по заминувањето од медицинските установи.

    За време на интервјуто, Дирлав предвиде и дека рускиот режим може да се „распадне“ во следните 12 до 18 месеци поради санкциите на Западот наметнати на таа земја, конфликтот во Украина и сегашните воени перформанси на Русија.

    Коментарите на Дирлав доаѓаат во услови на постојани шпекулации за здравјето на Путин, иако Кремљ ова јавно не го коментираше од почетокот на војната во Украина. Американскиот филмски режисер Оливер Стоун претходно неделава изјави дека рускиот претседател веќе се бори со ракот и дека навреме го победил.

    Кристофер Стил, поранешен британски разузнавач, неодамна даде слични коментари, велејќи дека Путин ги напушта состаноците со своите службеници, а за да оди на лекување.

    – Состаноците на Советот за безбедност, кои наводно траеле еден час, всушност се поделени на неколку делови – рече Стил, кој служел во разузнавачката канцеларија на МИ6, во интервју за радио ЛБЦ.

    Сепак, Стил не објасни на што ги заснова своите шпекулации. Сепак, тој смета дека „ова секако има многу сериозно влијание врз владеењето во Русија во моментов“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img