More

    Директор на МОЛ: Замрзнувањето на цените на горивата може да предизвика недостиг

    spot_img

    Унгарската влада треба да ги одмрзне цените на горивата бидејќи замрзнувањето „порано или подоцна“ ќе доведе до недостиг, изјави извршниот директор на унгарската компанија за нафта и гас MOL, Жолт Хернади.

    Унгарија се соочува со „исклучително опасна“ ситуација бидејќи ограничувањето на цените на горивото ја зголемува потрошувачката, предупреди Хернади во неделата.

    Прашањето е колку долго можете да го направите тоа“, додаде првиот човек на унгарската компанија.

    МОЛ веќе ја повика владата постепено да ги укинува ограничувањата.

    За да ги заштити граѓаните од инфлација, Владата во ноември минатата година ја ограничи малопродажната цена на бензините и дизелот на 480 форинти или 1,20 долари за литар, а неодамна ја продолжи мерката до октомври годинава.

    Утврдиле и дека само домашните потрошувачи можат да купуваат гориво по намалена цена, што предизвика спор со Европската комисија.

    Во јуни, MOL ја ограничи продажбата на гориво за патнички автомобили на 50 литри дневно, што значи дека возачите сега можат да полнат половина гориво од претходните месеци.

    Хернади, исто така, во неделата предупреди дека Унгарија веќе треба да го полни складиштето со гориво овој месец бидејќи 65 отсто од рафинериите на MOL во Унгарија ќе бидат затворени во август поради одржување.

    Рафинеријата на МОЛ во Словачка е веќе затворена, рече тој, и треба повторно да биде во функција на 20 јули.

    Затоа полнењето на залихите оди побавно од планираното, па МОЛ ќе биде принуден да побара од државата да пласира стратешки резерви на гориво на пазарот, рече Хернади.

    Владиниот портпарол не беше веднаш достапен за коментар за изјавите на Хернади.

    Глобалните синџири на снабдување не се толку безбедни како порано, така што недостигот на гориво не може целосно да се исклучи, рече шефот на кабинетот на Орбан, Гергели Гуљас.

    Не треба да се очекува недостиг, нагласи Гуљас, бидејќи Унгарија има резерви на гориво кои покриваат шестмесечна потрошувачка.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img