More

    Директорот на „Македонски шуми“ ја демантира партијата

    spot_img

    Валентин Груевски ја објави потврдата од препорачано писмо до Државната комисија за спречување на корупција од летово годинава и нагласува дека нема никаква промена на имотната состојба.

    Директорот на ЈП „Македонски шуми“ Валентин Груевски ги демантира тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека тој е еден од функционерите кои не пријавиле промена на имотна состојба и очекува извинување од партијата.

    Груевски информира дека тоа не е точно, за што ја приложува потврдата од препорачаното писмо до Државната комисија за спречување на корупција од летово годинава и нагласува дека воедно нема никаква промена на имотот.

    Тој на својот профил на Фејсбук во врска со прес-конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ наведува, како што вели, неколку факти:

    Куќата во Битола е од 1985 година, наследство од мојот татко и во неа живеам со сопругата над 20 години.

    „Куќата” во Ресен, с. Курбиново, е со големина од цели 22 квадратни метри и истата е една четвртина од стара куќа, градена пред педесетина години.

    Наводно сум го скрил и голфот, пријателите мои го знаат, производство 2009 година (не знам зошто би го криел). 

    Анкетниот лист е навремено доставен, за што во прилог ги поставувам и препорачаните пратки до ДКСК.

    Да не беше смешно, ќе беше жално, или пак обратно.

    За да се поправат работите, можеби е најдобро најпрво да добијам извинување“, напиша Груевски во својата објава.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img