More

    Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски прими честитки од првите луѓе на Интерпол -претседателот Ахмед Насер Ал Раиси, Генералниот секретар, Јирген Шток, како и Претседавачот на Конференцијата, Шарка Хавранакова, заменик претседател за Европа

    spot_img
    Директорот на Бирото за јавна безбедност, м-р Сашо Тасевски, по денешниот избор на Северна Македонија за земја домаќин на 50.Конференција на Интерпол за Европскиот регион, за време на 49.Конференција која се одржа во Лион, Франција, прими честитки од првите луѓе на Интерпол -претседателот Ахмед Насер Ал Раиси, Генералниот секретар, Јирген Шток, како и Претседавачот на Конференцијата, Шарка Хавранакова, заменик претседател за Европа.
    По тој повод директорот Тасевски истакна: “Огромна е честа што денеска ни е дадена од Интерпол, да бидеме домаќини на следната конференција за Европскиот регион во 2023 што се поклопува со 30-годишнината од членството на нашата земја во оваа меѓународна организација. Но, уште повеќе што прифатената официјална кандидатура и бројот на гласови на делегатите на Конференцијата се уште една потврда за успешните спроведени реформи во македонската полиција, признание за досегашната успешна соработка и заедничките акции кои ги имаме со Интерпол, каде се профилиравме како кредибилен партнер на кој може да сметаат во секое време и клучна алка во безбедноста на регионот. Би сакал да упатам посебна благодарност до земјите кои ги препознаа успешните политики и ја поддржаа нашата кандидатура, но и до министерот Спасовски, кој ја даде неговата целосна поддршка за овој проект”.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img