More

    Димитров зборува за нашите отстапки кон Бугарија

    spot_img

    Бугарската политика си има зададено невозможна цел – да не’ убеди нас Македонците дека сме заблудени во однос на нашиот македонски идентитет. За тоа да го стори, ја користи својата предност и сила како земја членка на ЕУ. Бидејќи оваа цел е невозможна, да не зборувам колку е антиевропска и антицивилизациска, еден историски ден, Софија ќе ја прифати реалноста и ќе се соочи со нашето право на самоопределување, вели поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, во интервју за Локално.

    – Паралелно со тоа растење, ќе растеме и ние и без страв ќе се соочиме и со оние моменти од нашата историја со кои се уште се немаме целосно соочено, како што впрочем тоа го нема направено и бугарската историографија која со јазикот на светски познатата бугарска историчарка Марија Тодорова e “романтична и митолошка“, мислење од едно друго време што поминало. Токму затоа, клучно е нашите стратегии да ги насочиме во оваа насока, а дома вистински да се посветиме на реформите за да држиме чекор таму каде што е најважно. За тоа да го направиме, Владата треба да престане да се однесува како ној со главата во песок – вели Димитров.

    Тој потсетува дека Владата еднаш ја нарекол „туѓа“, бидејќи, вели, вложија повеќе од тоа што имаа, ги направија сите можни концесии, за да ја почнеме фазата на отворањето, но го избербатија пристапниот процес заборавајќи дека нашата цел мора да биде тој да биде функционален и да води кон остварливо членство во ЕУ.

    – Ние сакаме да се зачлениме во ЕУ или да ги почнеме преговорите? Практично, не само што не го решија вистински проблемот со Бугарија, туку дозволија таа мака да се легитимира, измеша и развлече низ пристапниот процес, како што всушност во една прилика објасни и самиот Петков, тогаш уште како премиер – истакнува поранешниот шеф на дипломатијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img