More

    Димитријевиќ е среќен што го гледаат како лидер!

    spot_img

    Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ посакува добар настап на дуелот со Грузија во Скопје.

    – Сезонава имам повеќе проблеми со повредите и затоа одиграв помал број натпревари и за Валенсија. Но, кога веќе дојдов тука ќе го дадам максимумот за да бидам подготвен за вториот натпревар со Грузија. Овие два натпревара се многу важни за нас, особено тој во Скопје. Треба да го одбраниме домашниот терен и да продолжиме да работиме за следните натпревари со Украина. Во професионалната кошарка нема млади и стари играчи, има само добри и лоши. Не чувствувам никаков притисок кога го носам националниот дрес, среќен сум што ме сметаат за лидер на оваа генерација – вели Димитријевиќ.

    Македонските кошаркари се во Тбилиси, каде утре попладне против Грузија ќе го игра натпреварот од третото коло групата „Г“ од квалификациите за Светскиот Куп 2023 година.

    Хендикеп за „црвено-жолтите“ е отсуството на селекторот Драган Бајиќ, кој е „позитивен“ на коронавирусот.

    Дваесет и четиригодишниот Димитријевиќ не отпатува во Тбилиси, овие неколку дена ќе биде во Скопје и се надева на добра подготовка за натпреварот против Грузијците на 27 февруари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img