More

    Димитриевски верува дека Македонија има квалитет да се спротивстави на Италија

    spot_img

    Голманот на македонската фудбалска репрезентација Столе Димитриевски вели дека тој и неговите соиграчи со досегашните резултати покажале дека поседуваат квалитет за да се соочат со најдобрите европски селекции.

    – За целата репрезентација ова е веројатно најважниот натпревар. Се подготвуваме добро, целосно сме фокусирани на мечот. Имаме квалитет, не е лесно да се стигне до ова ниво и да се избориш за ваков натпревар. Треба да излеземе на терен и да се покажеме во најдобро светло. Во италијанскиот состав сите фудбалери се квалитетни, било кој и да игра, ние треба да бидеме максимално сконцентрирани во текот на мечот доколку сакаме да дојдеме до победа – вели чуварот на македонската мрежа.

    „Црвено-жолтите“ ги продолжуваат подготовките за плејоф натпреварот против Италија за пласман на Светското првенство во Катар.

    Средбата во Палермо ќе се одигра на 24 март со почеток во 20 часот и 45 минути.

    Фото: МИА

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img