More

    Дизајнерката Вера Венг го прослави 73-от роденден

    spot_img

    Дизајнерката Вера Венг пред неколку денови го прослави 73-от роденден. Кога на својот иннстаграм-профил објавила фотографија од раскошната прослава, многумина останале вчудоневидени нејзиниот младолик изглед.

    Венг на роденденската прослава носела розов комплет со отворен преден дел, додека пак за оваа прилика на темната коса ѝ додала розови прамени.

    Славеничката исто така носела и сребрени потпетици, како и накит со розови детали.

     

    „Славам роденден со торта, караоке и мојот розов шампањ“, напишала Вера во описот на фотографијата.

    Обожавателите веднаш ѝ упатиле бројни коментари на сметка на нејзиниот изглед:

    „Изгледаш неверојатно на 73 години“, „вистинска инспирација си за постарите жени“, „Како е можно да изгледаш вака во 70-ти години?“, „Ја пронајде фонтаната на младоста“, биле само дел од коментарите.

    Дизајнерката и поранешна лизгачка веќе неколкупати зборувала за тајната на својот млад изглед.

    „Работа, спиење, коктел од вотка и избегнување на сонцето“, објаснила таа во една прилика.

    „Мојата омилена работа за појадок е омлет со малку тост и можеби сланина“, изјавила Ванг.

     

    Што се однесува до ручекот, Вера вообичаено јаде пилешка супа, со многу зеленчук, додека пак за вечера вообичаено тоа е кинески оброк.

    Понекогаш одлучува да јаде нешто поразлично, како што е кафеав ориз или пак варен карфиол со пилешко и ориз или пак салата со риба.

    „Се откажав од диеталната кока-кола пред шест години, тоа беше една од најтешките работи“, вели Вера.

    „Пијам вода и коктели со вотка“, додала таа.

     

     

     

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img