More

    Десет лица се водат како исчезнати во нова рударска несреќа во Полска

    spot_img

    Во несреќа во рудник за јаглен во Полска, втор во земјата оваа недела, десет лица се водат како исчезнати, се вели во соопштението на рударската компанија JSW.

    Според компанијата, спасувачите немаат контакт со 10 лица кои се наоѓале во рудникот Зофјовска на југот од земјава.

    Според компанијата, несреќата проследена со големо истекување на метан се случила на длабочина од 900 метри во 3.40 часот по локално време.

    Компанијата го поседува и рудникот Пњувек, каде во средата загинаа пет лица, а седум се водат како исчезнати по експлозијата на метан.

    Во 2018 година во истиот рудник животот го загубија пет рудари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img