More

    Денес ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето преговори за влез во ЕУ

    spot_img

    Координаторите на пратеничките групи и други претставници на парламентарните партии денеска се очекува да одржат прва средба на која ќе се разговара за заклучоците што треба да бидат разгледани и усвоени од Собранието во врска со европскиот предлог и отпочнувањето преговори за влез во ЕУ.

    Двете најголеми политички партии во Собранието, владејачката СДСМ и опозициската ВМРО-ДПМНЕ вчера го потврдија договорот за одржување вакви разговори во Собранието. Во работните групи политичките партии ќе бидат застапени со по двајца претставници од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, по еден од ДУИ и од Алијанса и уште еден од помалите парламентарни политички партии.

    Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски вчера изјави дека во Собранието ќе се формираат групи меѓу политички партии кои ќе работат на предлог-забелешките што се проблематични во целиот текст. Според него, ова доаѓа по повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски да се разговара за измени што ќе го подобрат предлогот и ќе се вметнат одредени забелешки во однос на сѐ она што е на штета на државата и националните интереси.
    Ваквиот формат на разговори во Собранието го потврди и премиерот Димитар Ковачевски кој на прес-конференцијата со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел рече дека Собранието ќе донесе одлука дали ќе ги почнеме преговорите со ЕУ и ќе донесе заклучоци откако Владата до пратениците ќе ги достави европскиот предлог, билатералниот протокол и уште еден документ.

    Претседателот на Собранието Талат Џафери на средбата со претседателот на ЕС Шарл Мишел во Собранието, на која присуствуваа и координаторите на пратеничките групи и претставници на помалите политички партии, според соопштението од неговиот Кабинет, во однос на доставувањето на документите за прифаќањето на преговарачката рамка, истакнал дека по нив соодветно ќе се пристапи штом бидат доставени до Парламентот.

    На средбата Мишел образложил дека доаѓа во име на 27 земји членки на Унијата кои стојат зад предложената рамка за лично да ги слушне аргументираните и легитимни мислења и резерви на политичките актери, нагласувајќи дека има разбирање за фрустрациите и разочараноста во последните години околу официјалното неотпочнување на преговорите.

    Во однос на загриженоста околу формулациите во преговарачката рамка, Мишел појаснил дека за македонскиот јазик се упатува јасна порака од Советот на ЕУ дека тој се почитува и сите документи во текот на процесот ќе се преведуваат на македонски јазик. Исто така, тој потенцира дека добрососедските односи се дел од критериумите и оти е важно тие да бидат надминати, но дека во процесот на преговори се вклучени сите членки на ЕУ кои будно ќе го следат процесот на преговори.

    Координаторот на Пратеничката група на Демократската унија за интеграција, Арбер Адеми, истакнал дека пријателите доаѓаат да дадат поддршка во тешки времиња.

    – Тој алармираше за напливот на лажни вести околу актуелниот предлог, особено за македонскиот јазик и за почетокот на преговори само за Република Албанија, апелирајќи до сите чинители да го прифатат предлогот со што ќе се стави крај на овие вести и за рационалност во донесување на вакви важни одлуки – рече Адеми за Мишел.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img