More

    Денес посебен режим на сообраќај во Скопје за Водици

    spot_img

    Министерството за внатрешни работи информира дека во периодот од 08:00 часот до завршување на манифестацијата по повод верскиот празник Водици, во центарот на Скопје за сообраќај ќе биде затворена ул.„Филип Втори Македонски”, на потегот од крстосницата со бул.„Гоце Делчев” до крстосницата со ул.„11 Октомври” во двете насоки.

    Во општина Ѓорче Петров од 08:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле”, бул.„Партизански одреди”, до ул.„Ѓорче Петров”, како и ул.„Ѓорче Петров” до ул.„Васил Чакаларов”. Исто така, затворени за сообраќај ќе бидат сообраќајниците од црквата „Свети Пантелејмон”, ул.„Козле”, дел од ул.„Васил Чакаларов” до Железничкиот мост на реката Вардар.

    Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон селото Лисиче.

    Јавниот превоз во Скопје денеска ќе функционира по неделен возен ред поради верскиот празник Богојавление – Водици.

    Како што соопшти ЈСП „Скопје”, исклучок ќе бидат линиите 18А, 32, 47А, 51, 55, 55В, 56, 56А, 70, 74, 81, 118, 160, 164 и 180, кои ќе сообраќаат по саботен возен ред.

    Дежурни од 6 до 13:30 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар, Зелен пазар и билетарницата во Ѓорче Петров.

    Жичарницата ќе работи вообичаено, од 10 до 17 часот.

    Поглаварот на МПЦ-ОА г.г Стефан денеска околу пладне ќе го положи светиот крст во водите на реката Вардар во Скопје по повод празникот Богојавление – Водици.

    Крстот во Вардар ќе се обидат да го фатат околу 130 верници. Од МПЦ-ОА – Скопска епархија за МИА информираа дека сите пријавени се полнолетни и се проверени на спортска медицина, а некои учесници се спортисти.

    Одбележувањето на празникот почнува со архиерејска божествена литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица” во 9 часот, во која ќе учествува и архиепископот г.г. Стефан. Литургијата ќе заврши околу 11 часот, а потоа ќе следи голем освет на водите во припратата на црквата.

    Околу 11:15-11:20 часот, г.г. Стефан заедно со свештенството во поворка ќе се упатат кон мостот „Слобода”. Таму веднаш ќе почне церемонијата „Водици”, каде архиепископот ќе го положи крстот во реката Вардар околу 12 часот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img