More

    Демонстрантите во Шри Ланка ја напуштаат претседателската палата и кабинетот на премиерот кои претходно ги окупираа

    spot_img

    Демонстрантите во Шри Ланка ја напуштаат претседателската палата и кабинетот на премиерот кои претходно ги окупираа, јави индиската телевизија NDTV. Тие нема да останат во зградите додека функционерите не си поднесат оставка, како што најавија.

    – Ги напуштаме претседателската палата, претседателскиот секретаријат и кабинетот на премиерот, но ќе продолжиме со нашата борба – изјави претставник на демонстрантите.

    Претседателот на Шри Ланка, Готабаја Рајапакса, ги напушти Малдивите и со лет на саудиска авиокомпанија заминал за Сингапур.  Не е јасно дали г-дин Рајапакса ќе остане во Сингапур или дали ќе го користи како дестинација за одмор, јавува Би-Би-Си.

    Тој претходно вети дека ќе поднесе оставка до среда, но досега не поднесе официјална оставка.

    На територијата на западната провинција, каде што се наоѓа главниот град на државата Коломбо, полицискиот час, кој беше воведен ден претходно, исто така е укинат, се наведува во извештајот на телевизијата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img