More

    Дел од новите амбасадори денеска ќе реферираат

    spot_img

    Новите амбасадори на Северна Македонија во странство денеска треба да ги претстават платформите пред собраниската Комисија за надворешна политика, која вчера попладне закажа седница за оваа точка.

    Пред членовите на Комисијата предвидено е своите тези за дипломатските активности да ги претстават вонредниот и ополномоштен амбасадор на Северна Македонија во САД Зоран Попов, новиот амбасадор во Канада Агрон Буџаку, амбасадорот на Северна Македонија во Кралството Норвешка Дритон Куќи, како и вонредниот и ополномоштен амбасадор на земјава во Кралството Белгија, Методија Белевски.

    Амбасадорот во САД Попов тезите ќе ги брани зад затворени врати бидејќи материјалите по таа точка се со назнака строго доверливо и ќе бидат присутни само пратеници со безбедносни сертификати.

    МНР во петокот информираше дека во рамки на заокружување на процедурата за упатување на неколку нови амбасадори на Северна Македонија во странство, до Собранието се упатени вкупно пет барања за закажување седница на Комисијата за надворешна политика за презентација на согледувањата на амбасадорите за односите со државите на приемот.

    Конкретно, барањата се пратени со следната динамика: Агрон Буџаку во Канада, со седиште во Отава (22.03.2022), Евгенија Илиева, Република Словачка, со седиште во Братислава (07.04.2022), Методија Белевски, Кралство Белгија, со седиште во Брисел (01.07.2022), Дритон Кучи, Кралство Норвешка, со седиште во Осло (01.07.2022), Зоран Попов, САД, со седиште во Вашингтон (21.07.2022), сооопшти МНР во петокот.

    МНР информира и дека за тројца амбасадори се добиени агремани и во тек се нивните подготовки за преземање на должноста и барањето до Собрание за закажување на седница на Комисијата за надворешни работа за нив ќе биде пратена во скоро време, за Виктор Димовски – Франција со седиште во Париз, Агнеза Руси – Бугарија со седиште во Софија, и Јован Манасијевски – Турција, со седиште во Анкара.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img